Интернет-страната “www.marra.mk” нуди онлајн услуга, управувана од МарраМК ДООЕЛ Кавадарци, која се состои од информативни услуги, содржини и трансакциски способности овозможени од Марра преку чии страници се продаваат производи. Цените на сите производи од marra.mk се во денари.
Друштво за производство, трговија и услоги МАРРАМК ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци, регистрирана со ЕМБС 7425619 во Централен Регистар на Република Северна Македонија и со даночен број 4011020518045.
Услови за користење
Услови за користење на marra.mk појаснуваат кои се условите за купување и начинот на испорака на купените производи. Купувањето поминува низ 3 три фази, и тоа:
СЕ ПРОЦЕСИРА – што подразбира дека нарачката од страна на купувачот/нарачателот е извршена, но истата е во процес на одобрување и/или подготовка на потребна документација за испорака.
ОДОБРЕНА – нарачката е одобрена и се чека на доставувачот да ја подигне за пренос до нарачателот.
ОДБИЕНА – нарачката е одбиена, причината е испратена преку е-пошта до корисникот, а уплатените парични средства се враќаат на нарачателот.
Политика за достава на производ
Откако нарачката ќе биде одобрена, ВЕДНАШ и не подолго од 8-три часа, по извршеното плаќање и одобрување, предметот на купопродажба ќе биде предаден за достава, освен ако нарачката е извршена во петок по 15.00 часот, во сабота, во недела или било кој неработен ден. Достава се врши преку уредно регистрирано и овластено друштво за достава на пратки ECO LOGISTIK SERVICE. Одговорноста за производот, од преземањето од деловните простории на продавачот, до предавањето на купувачот ја сноси во целост.
Производите се испорачуваат со испратница или фактура за извршеното плаќање. Секој купувач е должен при испорака на производот да го провери за евентуални оштетувања при транспорт, а доколку е поголема пратка да провери дали некој производ недостасува. Видливите недостатоци/оштетувања на производот Купувачот треба веднаш да ги пријави при прием на робата на доставувачот.
Политика за поврат на средства
Во случај купувачот да сака да го врати производот не по наша вина или вина на доставувачот и сака да му се врати сумата на производот, тогаш од крајниот износ на производот двојно ќе биде одбиен трошокот за достава. Доколку купувачот сака да го замени производот, должен е да го чува неоштетен, неотпакуван и неупотребуван заедно со сите приложени документи. Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на потрошувачите.
Содржини од други страници
marra.mk на веб страницата прикажува елементи со содржина во текстуелен или графички формат која што не припаѓа на МарраМК. Во тој случај сите автоски права и права за користење, припаѓаат на оригиналниот автор или носител на тие права. Сите останати содржини се сопственост на МарраМК Дооел, и строго се забранува нивно користење.