marra е Македонски бренд создаден по теркот и стандардите на светските модни компании за производство и продажба. Наша главна цел е да им овозможиме пристап на потрошувачите до високо квалитетни модни додатоци со уникатен дизајн и одлични цени. Затоа се одлучивме на сопствено производство со постојана иновација во дизајнот и редовно претставување на нови колекции, како и модни додатоци за специјални празнични пригоди. Од Септември 2020 marra го отвори и својот прв продажен салон во Кавадарци, каде што потрошувачите можат детално да ги разгледаат производите на marra.