Политика на приватност и заштита на лични податоци
Политиката на приватност на марра.мк појаснува каде и како се чуваат личните податоци на сите регистрирани купувачи на оваа веб страна. Оваа политика на приватност се однесува само за marra.mk и поддомените, а доколку е присутен линк кој поврзува со други веб страни, ние не превземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие веб страни.
Секој купувач при регистрација и купување, изјавува дека е запознаен и се согласува со оваа политика на приватност.
Сите лични податоци кои корисникот ги внесува преку регистрација се користат за успешна достава на производот и реализација на плаќањето, а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.
Информациите кои ни се потребни се: Име и презиме, e-mail адреса, Адреса на доставување на нарачката и телефон за контакт.
Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Северна Македонија.
marra.mk не собира никакви информации од финансиска природа како број на Картичка и/или број на банкарска сметка. Податоците околу кредитната картичка и банкарската сметка ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на НЛБ Тутунска Банка.
Трансакцијата при наплаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од кредитни картички на НЛБ Тутунска Банка. Порталот користи современа заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.
Родителите и старателите имаат обврска да ги информираат своите малолетни деца за безбедно и одговорно ракување со личните податоци. Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и marra.mk нема намерно да собира или користи податоци од малолетни лица.
Marra.mk ги превзема сите заштитни мерки за заштита на личните податоци на купувачите со цел да се минимизира ризикот од неовластен пристап и злоупотреба на истите.
Колачиња
Marra.mk користи “cookies” со цел да ви го олесни користењето на интернет страната. “Cookies” се мали датотеки кои привремено се складираат на вашиот компјутер, овозможувајќи и на нашата е-продавница да го препознае вашиот компјутер следниот пат кога ќе ја посетите е-продавницата на marra.mk Тие се користат исклучиво за да се приберат информации кои и се потребни на нашата е-продавница. marra.mk користи IP адреси за анализа на трендовите, администрирање на страната, следење на интересите на купувачот и за собирање на демографски податоци. IP адресите не се поврзани со личните профили. Веб страната ја забележува јавната IP адреса на корисниците. Оваа информација се зачувува, без никакви дополнителни информации околу останатите страници кои корисникот ги посетувал, освен страницата која го довела до marra.mk (на пример, при користење на пребарувач). Други веб страни кои се обезбедени како линкови на веб страната на marra.mk не секогаш ги спроведуваат истите политики како и marra.mk.
Доколку имате некои прашања што се однесуваат на заштитата на личните податоци и како ракуваме со нив, ве молиме контактирајте не на contact@marra.mk